How to prevent phone theft
Мобилниот телефон е еден од највредните предмети (Фотографии, контакти, сочувани лозинки...), кои еден граѓанин ги поседува, без оглед на староста. Поради овие причини морате да бидете многу внимателни кога го покажувате телефонот, кога го оставате на јавни места или кога го позајмувате на непознати...
Прочитајте неколку совети:
Не го покажувајте вашиот телефон на јавни места и во големи маси на луѓе, затоа што може лесно да ви биде украден од рака од страна на организирани криминалци којшто занат да ви го одвлечат вниманието.
Не го оставајте вашиот мобилен телефон на јавни места, на клупа во парк, на полица, на точак, во корпа, на маса во кафе бар и на други места.
Не го оставајте вашиот мобилен телефон на маса во кафе бар, бидејќи може да го заборавите таму или едноставно може да ви биде украден доколку нешто ви го одземе вниманието.
Не го оставајте телефонот во автомобил на видливо место, бидејќи крадците може да ви го оштетат автомобилот и да останете без телефон.
Не го носете телефонот на различни тренинг-рекреации, например на базен или на некоја друга јавна локација кајшто ќе морате вашите предмети да ги оставите сами, без надзор. Внимавајте на вашиот телефон исто како што внимавате на паричникот.
Внимавајте на кој го позајмувате телефонот под изговор дека останал без кредит на својата сметка и треба итно да повика некого или под изговор дека батеријата му е празна, треба итно да повика доктор, да побара помош на пат и слични изговори. Постојат многу преварантски изговори на кои што не треба да наседнувате.
Препорачуваме:
На Android, Windows или iOS да симнете и инсталирате апликација за далечинско управување. Со оваа апликација локацијски можете да го следите вашиот телефон и може да ви биде испратена „silent“ SMS порака со бројот на моменталниот корисник на вашиот телефон, дури и можете да ги избришете вашите приватни податоци од него, времено да го блокирате телефонот, да направите да се покаже текст на екранот и слично. Некои апликации можат да испраќаат информации за локацијата, телефонскиот број и останати податоци за лицето кое го користи.
Не купувајте паметен телефон за малите деца така ќе го намалите ризикот од кражба.
Доколку се одлучите да инсталирате безбедносна апликација, одберете производител на којшто можете да му верувате!
Заклучете го телефонот со апликација, со безбедносна лозинка т.е. код, којшто само вие ќе го користите. Со безбедносниот код ќе можете да ги заштитите вашите податоци и да се заштитите од визоки сметки. Оваа опција ја има и на постарите телефони. За да ги зголемите шансите за пронаоѓање на вашиот телефон запишете ги следниве податоци.
1. Телефонски број
2. Модел на телефонот
3. Боја и други податоци
4. PIN број и безбедносниот код за заклучување
5. IMEI број (со помош на *#06#)
Направете го и следново за полесно пронаоѓање на телефонот - на некој дел на телефонот (под батеријата, под капачето) запишете ја вашата адреса, име и презиме и контакт телефон. Понекогаш ова е доволно па можеби пронаоѓачот ќе биде чесен и ќе ви го врати телефонот.
Во случај вашиот телефон да биде украден:
Пријавете а кражбата во полиција. Пријавата ќе биде доказ за изгубен/украден телефон во случај крадецот да го употреби за криминални дејствија или во случај да направи огромна сметка.
